За неа не се знаело со децении, живеела под лажно име а сега е откриено каде е ќерката на кралот на кокаинот

Мануела пред да научи да оди прво научила да бега. Бидејќи била ќерка на Пбло Ескобар научила да живее под светлата на милион долари, но и како да живее во мрак.

Приказната за неговиот живот сите ја знаат како и за неговата смрт. Кога Пабло бил убиен неговата жена Марија, ќерката Мануела и Хуан Пабло избегале во Аргентина.
Со години барале азил стравувајќи за своите животи поради одмазда во Колумбија, но долго ниедна држава не сакала да има даде азил.

Во 1995 година успеале да отидат во Мозамбик а потоа во Бразил и Аргентина, каде живеее под лажел идентитет.

Марија живеела под име Евгенија, а Хуан под име Себастијан Марокин и во 1999 година се уапсени поради фалсификувани документи. Поради немање докази се пуштени на слобода, а многумина се прашувале само едно каде е Мануела?

Таа е единствен член од тоа семејство кој никогаш не е приведувана. Имала 9 години кога нејзиниот татко бил убиен и оттогаш за неа не се знае ништо.

Таа за сето време не била со својата мајка и брат а подоцна е објавено дека таа живее под лажно име, Хуана Мануела Марокин Сантос во Буенос Аирес.

Живеела сама во зграда,во Харамил, во станот бр. 17 каде живее скромно.Мануела за разлика од другите во семејството имала неколку депресивни епизоди и обиди за самоубиство.