ЗА ХУМАНИТЕ МИСИИ СО ВОДИТЕЛОТ ВАНЕ МАРКОСКИ: Ме допираат приказните за беспомошните

loading...

Желбата да се помогне на две мали девојчиња, кои имаа различни здравствени проблеми, ме инспирираше да организирам голем хуманитарен концерт во Тетово, во домот на културата. Со оглед на бројот на места за публика, бевме свесни дека од билети нема да добиеме голем број на средства, но целта беше да се разбуди Фондот за здравство кој тогаш молчеше за тие случаи

Водителот на „Канал 5“ телевизија, Ване Маркоски, е една од домашните најхумани јавни личности. Ване е еден од волонтерите кои секојдневно им помагаа на семејствата кои настрадаа во поплавите во скопските села преклани. Иницијатор е на многу хуманитарни акции, а на неговиот фејсбук-профил никогаш не пропушта да ги поттикне неговите пријатели да помогнат каде што е потребно.

Хуманитарен карактер имаше и неговото кулинарско шоу, „Вип сезона“. Сите специјалитети кои ги зготвија познатите личности, гости во шоуто, беа донирани. За неговата желба да помага и љубовта кон луѓето и кон животните, Ване искрено раскажа за Женски магазин.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.