Овие работи децата ги наследуваат од својот татко

Гените се уште не се доволно истражени, но она што се знае е дека играат важна улога во наследување на физичи, па дури и карактерни особини. Некои од нив детето ги наследува од мајката, а следните четири се само од таткото.

Далтонизам

Многумина од нас знаат дека далтонизмот е пореметување во распознавање на бои, но некои можеби незнаат дека најчесто го имаат мажите. Овој дефект дури природно го носат во себе, што значи полесно го пренесуваат на своите наследници. Далтонизам не значи слепило за бои, само неможност распознавање на црвени и зелени тонови во самиот спектар.

Отисок од прсти

 

Секој од нас има единствени отисоци на прстите, но нашите отисоци се послични на оние кај таткото, отколку на мајката.

Пол

Јајните клетки носат два Х хромозоми, а сперматозоидот, кој носи Х и Y хромозоми, е тој кој одредува кој пол ќе биде детето. Ако јајните клетки ги оплоди хромозомот Х, ќе се роди девојче, а ако ја оплоди Y, доаѓа машко.

Рефлекс на кивање поради светлина

 

Можеби звучи смешно, но некои луѓе неможат да гледаат во Сонце, а при тоа да не кивнат. Ова е уште една карактеристика која таткото ја пренесува на своето дете.