Поранешен играч на Манчестер јунјатед почина на 36-годишна возраст

Поранешен играч на Селтик и Манчестер Јунајтед, Лијам Милер починал на 36-години, откако ја изгубил битката со тешката болест. Како што пишуваат тамошните медиуми, во ноември минатата година Ирецот поради рак на панкреасот заминал на лекување во САД, по враќањето во родниот Корк, тој не успеал да ја издржи хемотерапијата.

Милер од 2000 до 2004 година играше за Селтик, со кого освои една титула во првенството, а потоа се пресели во Мначестер јунајтед. Под водство на Алекс Фергусон одигра 22 натпревари за „црвените ѓаволи”, од каде замина за Лидс како позајмен играч. Во својата кариера има настапувано за Сандерленд, КПР, Хибернијан…