РАЗВЕДЕН МАЖ СОВЕТУВА: Внимавајте на овие работи кои ги прави секоја жена

Всушност, ова е суштината на бракот. Не би очекувале дека разведен маж ќе ги даде добрите совети за тоа како треба да изгледа добриот маж, но овој маж кој поминал низ доволно тешкотии знае дека е вредно да се борите за се.

Ова се неколку негови совети за брак, кои би посакал некој порано да му ги каже:

“Очигледно не сум експерт за врска. Но постои нешто во врска со мојот развод кој се финализира оваа недела што ми дава перспектива на работите за кои не би сакал поинаку да постапев. Откако ја изгубив жената која ја сакав и бев во брак со неа речиси 16 години, за мене постојат неколку совети кои сакав некој порано да ми ги кажеше:”

1. Никогаш не престанувај да се додворуваш. Никогаш немој да престанеш да излегуваш на состаноци. Никогаш не ја земај таа жена здраво за готово. Кога си ја прашал дали ќе се омажи за тебе, си ветил дека ти ќе бидеш оној маж кој ќе владее со нејзиното срце и жестоко ќе го штитиш. Ова е најважното и најсветото богатсво кое некогаш ќе ви биде доверено. Таа те избрала тебе. Никогаш немој тоа да го заборавиш, и никогаш немој да бидеш мрзелив во љубовта.

2. Штитете го своето срце. Како што си ветил дека ќе бидеш заштитник на нејзиното срце, мораш да го чуваш и своето со исто внимание и претпазливост. Сакате се целосно, сакајте го светот отворено, но постои посебно место во твоето срце каде што не смее да влезе никој освен твојата жена. Држете го тоа место секогаш подготвено да ја примите и повикате внатре, и одбиете да допуштите на некоја друга да го превземе нејзиниот трон!!!

3. Заљубувајте се повторно и повторно и повторно. Постојано ќе се менувате. Ти не си истата личност кога сте се венчале и за пет години нема да бидеш истата личност која си денес. Ниту пак она. Промената ќе дојде и во тоа морате повторно да се изберете еден со друг, и така секојдневно, секој ден. Таа не мора да остане со вас, и доколку не се грижите за нејзиното срце, таа може своето срце да му го даде на некој друг или целосно да го затвори,со што повеќе нкогаш нема да го добиете назад. Секогаш борете се да ја добиете нејзината љубов така што ќе изгледа како да се додворувате.

4. Секогаш гледајте го она најдоброто во неа. Фокусирајте се само на она што го сакате. Она на што ќе се фокусирате, ќе стане посилно. Доколку се насочите кон она што ви смета, само ќе гледате причини поради кои личноста или вашата жена ќе ви стане одбивна. Доколку се фокусирате на она што го сакате, ќе бидете зафатени со љубов, немајќи време да размислувате за сопствените и нејзините мани. Фокусирајте се на тоа да повеќе не гледате ништо повеќе освен љубов и ќе знаете дека без сомнение сте најсреќниот маж на светот бидејќи ја имате таа жена за своја сопруга.

5. Вашата работа не е да ја менувате или поправате, вашата работа е да ја сакате онаква каква што е, без очекувања дека некогаш ќе се промени. И доколку се промени, сакајте го она што ќе стане, без разлика дали сте го сакале тоа или не.

6. Превземете ја целосната одговорност за своите емоции. Работа на вашата жена не е да ве прави среќни или тажни. Вие сте одговорни за пронаоѓање на сопствената среќа и низ вашата радост ќе ја пренесете на вашата врска или љубов.

7. Никогаш немојте да ја обвините својата жена доколку сте исфрустрирани или лути на неа, тоа се случува бидејќи настанало нешто во вас. Тоа се вашите емоции и вашата одговнорст. Кога ќе ги почувствувате тие емоции, земете малку време и вратете се во сегашноста и погледнете во вашата внатрешност, се со цел да сфатите што навистина треба да биде излечено.

8. Бидете блесави, не бидете толку сериозни. Смејте се. Насмејте ја и неа. Насмевката ги прави работите многу поедноставни.

9. Секојдневно исполнувајте ја нејзината душа. Научете го нејзиниот љубовен јазик и специфични начини со што таа ќе се чувствува важна и убава. Прашајте ја да направи попис од 10 работи поради кои се чувствува сакана и запамтете ги сите работи, и нека тоа ви биде приоритет секој ден таа да се чувствува како кралица.

10. Бидете присутни. Освен своето време, дајте и го и своето внимание и вашата душа. Направете се што е потребно да си ги расчистите мислите во својата глава, така што кога ќе бидете со неа – да биете целосно со неа, и физички и психички. Однесувајте се кон неа како вашата најдрагоцена личност на светот. Што всушност и е.