„Трансверзалец“ ги повикува планинарите да не даваат изјави за трагедијата на Кајмакчалан

loading...

Планинарското друштво „Трансверзалец“ најави дека во наредните денови, најдоцна до петок, ќе се обрати во врска со трагедијата која се случи на „Кајмакчалан“ каде загинаа младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски, членови на друштвото.

Pocituvani, DPS Transverzalec gi zamoluva site planinari da se vozdrzat od izjavi vo vrska so tragicniot nastan na Kajmakcalan do objavuvanjeto na oficijalen izvestaj.

Posted by Планинарско Друштво Трансверзалец on Montag, 12. Februar 2018

„Трансверзалец“ пред јавноста ќе излезе заедно со Планинарскиот сојуз на Македонија, а до тогаш ги замоли сите планинари да се воздржат од изјави и да ја коментираат трагедијата.

 

По овој немил настан, јавноста бара воведување на построги услови при организирање на планинарските тури. Групата која ја искачувала планината Ниџе подлежи под жестоки критики поради недоволната опременост која ја имале во моментот.

Калина Велевска и Александар Миновски викендов беа пронајдени на врвот Кајмакчалан од страна на грчките служби за спасување по што биле пренесени во болница каде е констатирана смрт на планинарите.