Трибина за споделување визии и идеи

Втората трибина за споделување на визии и идеи за подобрување на заедницата со наслов „Сеништа и соништа“, денеска ќе се одржи во Младинскиот Културен Центар.

Визионирај е неформална трибина, а нејзини иницијатори се поетесата Ана Голејшка и режисерот Милош Б. Андоновски.

Според организаторите идејата е „Визионирај“ да се случува еднаш на тримесеци и секоја трибина да биде тематски одредена. Темата на првата трибина била со наслов „Верзии и визии“.