САМО ЗА МАЖИТЕ: 10 легендарни бикини филмски сцени

Пред неколку денови беше обележан меѓународниот ден на бикинито. Имено, на 5 јули далечната 1946 францускиот дизајнер Луи Реард го креирал овој оригинален дводелен дводелен костим, и така останал забележан во историјата на модата. На огромно задоволство на поголемиот дел од машката популација бикинито стана неизоставен дел на женската мода, а петти јули е прогласен за ден на бикинито.

Низ годините ова парче гардероба стана дел од современата култура. Со појавата на сексуалната револуција, бикинито стана и симбол на уметноста, посебно филмската, а познатиот магазин Sports Illustrated стана едно од најпродаваните машки списанија, благодарејќи на своите бикини насловни страни.

Уште од првиот Бонд Филм “Доктор Но” и незаборавната сцена кога Урсула Андерс излегува од морето, преку Кери Фишер во познатиот костим во филмот “Враќањето на Џедаите” од 1983 па се до денешните филмски остварувања, убавите женски тела, бујните гради во бикини костими привлекуваат огромно внимание, пред се кај посилниот пол.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here