15 слатки идеи како да уживате во Денот на вљубените!

loading...

Овие се неколку романтични, забавни и слатки предлози кои со сигурност ќе ви се допаднат, а за кои не е потребно многу планирање.

1. Споделете десерт – Постои нешто многу интимно при делењето храна со друга личност, па токму затоа порачајте го вашиот омилен десерт со два сета прибор и уживајте заедно во него.

2. Гледајте романтичен филм – Дури и да не сте љубители на овој жанр, сепак дајте им шанса на оние клише романтични комедии кои ќе ве насмеат, но и ќе ви помогнат да се почувствувате поблиски.

3. Прошетка во парк – Направете долга прошетка во парк, без разлика на времето. Прегрнете го вашиот партнер и уживајте во мирната околина околу вас.

4. Направете домашен пикник – Наместо да се тресете на студеното време, направете простор во вашата дневна соба, постелете ќебе и поставете го пикникот дома. Можете дури и да гледате романтичен филм покрај виното и десертот.

5. Останете во кревет – Направете пуканки и поминете ја вечерта разговарајќи за вас и вашата врска. Зарем има подобар начин да се почувствувате поблиски?

6. Засадете цвеќе – Прославете ја вашата љубов така што ќе засадите нешто во нејзина чест. Одберете цвет кој ви се допаѓа и на двајцата, купете земја и саксија и посадете го заедно во вашиот дом.

7. Гответе заедно – Готвењето е едно од најпотценуваните активности кои еден пар може да ги прави заедно. Подготовката на храната ве исполнува со топлина, ги допира сите ваши сетила и потоа прави да се чувствувате убаво во пределот на вашиот стомак.

8. Пејте песни – Организирајте си ваш караоке концерт и снимајте ги вашите брилијантни настапи. Ова би било уште позабавно доколку и двајцата немате талент за пеење.

9. Танцувајте во дневната соба – Кога последен пат сте танцувале заедно? Пуштете го радиото, пронајдете канал со романтична музика, прегрнете се и дозволете ѝ на музиката да го води вашето тело.

10. Пијте вино и играјте игри – Секогаш има нешто забавно и секси во малиот пријателски натпревар помеѓу паровите кој е зачинет со 1-2 чаши вино. Играјте карти или монопол и дозволете му на вашиот натпреварувачки дух да надвладее!

11. Предизвикајте се на видео игри – Зарем има подобар начин да се помине оваа вечер? Одберете ретро игри како Пекмен или Тетрис, или пак поминете на оние подинамичните од типот на „Need For Speed“. За да биде поинтересно, договорете се победникот да добие нешто, како на пример, масажа.

12. Составете заедничка приказна – Бидете креативни и составете ваша сопствена бајка. Секој нека кажува по една реченица, наизменично и не заборавајте да ја запишете за да можете потоа гласно да ја прочитате.

13. Одете на балет или во театар – Кога последен пат сте биле во театар? Или пак, сте гледале ли некогаш балетска претстава? Сигурни сме дека нема да се разочарате.

14. Бакнете се секогаш кога еден од вас ќе каже „Те сакам“ – Бакнежите се несомнено најдобар начин да се поврзете со вашиот партнер, па зошто да не ѝ дадете шанса на оваа мала игра? Токму затоа секој пат кога еден од вас ќе каже „Те сакам“, другиот мора веднаш да подари бакнеж.

15. Споделете ја вашата љубов – Се сеќавате на оние малите картички за Денот на вљубените кои ги испраќавте и добивавте на училиште? Па, зошто да не го направите тоа и вие? Напишете неколку љубовни картички и споделете ги со случајни минувачи во центарот на градот. Сигурно некому ќе му го разубавите денот.