25-годишен Косовар, осомничен за силување, фатен на Табановце

Вчера во 18 часот на граничниот премин Табановце бил уапсен 25-годишниот А.С. од Косово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, полициските службеници од граничниот премин при пасошка контрола, за влез во Македонија, утврдиле дека лицето се сомничи за силување и дека треба да се притвори.

Во 20:10 часот со потврда за предавање на лице, тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here