5 годишниот Охриѓанец стана модел на најголемата шведска агенција – Галерија

Пет годишниот Хефастиан Дуклески роден во Шведска со потекло од Охрид кој заедно со семејството живее во Шведска стана модел на најголемата шведска модна куќа „Sweden models“ и е првото македонче кое на тие години е дел од модниот свет на Шведска.

Како што велат неговите родители се започнало откако тие ова лето решиле да му направат Instagram профил на својот фотогеничен син а до сега има дури 3500 следбеници. За кратко време Хефастијан добива понуди од повеќе модни куќи за на крај да ја прифатат понудата од најстарата и најетаблирана „Sweden models“ која постои од 1970 година.

„Не ни беше во план да стане модел, но ете така го пронајдоа и баш ќе ни е мило ако не следат повеќе Македонци“ – вели Дамјан Дуклески татко на малиот Хефастиан.

Следете го малиот Хефастиан на Instagram.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here