(ВИДЕО) „Адидас“ произведе патики отпорни на пиво

Тимот на компанијата за спортска опрема, „Адидас“, произведе патики отпорни на пиво по повод одржувањето на „Октоберфест“, познатиот фестивал на пивото во Минхен, кој започнува за неколку недели.

Новиот модел на патики не само што е инспириран од фестивалот туку е и отпорен на секаква течност.

Изработени од најмека кожа, патиките „адидас Минхен“ се замислени да ги издржат сите непријатности што би можеле да се случат од претерано пиење алкохол за време на фестивалот.

Патиките се дизајнирани во темнокафеава боја и на нив има натпис Prost (живели на германски јазик). Тие се продаваат по цена од 200 евра, а со нив секој купувач добива и кригла за пиво, со цел комплетно уживање во фестивалот на пивото.