Првиот лет Солун-Скопје-Белград во 1928, а општината го добила името по првиот аеродром – „Скопје” – Фото

Името на Oпштина Аеродром е добиено по воениот аеродром (кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев”), кој бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година.

Како најново и најсовремено превозно средство, авионите последни биле вклучени во сообраќајот во Скопје. Аеродромот бил наречен „Скопје”, а се наоѓал сосем на крајот од градот, кај денешната населба„Аеродром“.

Првиот патнички авион слетал во Скопје на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29”, а превезувал 5 патници.Во 1929 година била воспоставена авионска линија Солун-Скопје-Белград. Времето на тргнување било така планирано што на патниците и трговците од Солун им овозможувало заштеда на време. Авионите поаѓале од Скопје во 07:00 часот наутро.

Прв пилот бил М. Јерошенко.Есента во 1926 година бил одржан првиот аеромитинг со учество на воени авиони и пригодна програма. Секоја година се одржувале аеромитинзи на Зајчев рид и во стариот Аеродром.Покана од аеродромот „Скопје“ до Скопското научно друштво за прослава на славата Св. Илија во 1938 годинаПосетителите на аеромитинзите за 30 динари можеле да пробаат да летаат со авион.

Како куриозитет старите скопјани го сметаат слетувањето на Еми Џонсон, една од првите жени-пилоти во светот, на скопскиот аеродром во 1930 година при нејзиното враќање од Австралија за Лондон.

Во 1937 година, во договор со авионското друштво „Аеропут” и Сидна, Министерството за сообраќај воспоставило авионски сообраќај со Кралството и со странство. Со оваа линија стигнувал и весникот „Правда” од Белград.

Од 1924 до 1931 година се одржувале фудбалски натпревари помеѓу маалата. Клубот „Славија” бил формиран од трите спортски клубови „Југ”, „Победа” и „Славија”, кои настапувале под името Железнички клуб „Славија” ЖКС.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here