Акција за чистење во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода преку Секторот за месна самоуправа и социјална заштита денеска почна со акција за расчистување на дел од својата територија. Сезонските работници ангажирани од општината работат на целосно расчистување на игралиштето „Вембли“, а веќе за наредната недела е планирано расчистување на трим патеката во Кисела Вода, во должина од околу два километри.

Се работи за дополнителни активности на локалната самоуправа, покрај редовното есенско расчистување на територијата на општината во насока на обезбедување на почиста и поздрава животна средина за своите жители.  Дополнително, Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје и сите градски јавни претпријатија на 30-ти ноември и на 1-ви декември ќе спроведат акција за чистење на дивите депонии во урбаниот дел на општината. Покрај ова, ќе се врши и кастрење на гранките на дрвјата, а ќе се собираат и паднатите лисја од истите.

Во оваа акција локалната самоуправа ќе ангажира вкупно 60 сезонски работници, а ќе бидат вклучени и референтите на урбаните заедници кои ќе бидат координатори на истата. Воедно, во расчистувањето од страна на Градот Скопје ќе бидат привремено ангажирани и невработени лица.