Apple официјално потврди дека работи на технологија за автономни возила

Најголемиот производител во светот на техниката веќе подолго време се најавува дека ќе влезе во светот на возилата. Претходно се зборуваше дека тие ќе развиваат свој автомобил, наречен Project Titan, кој требаше да биде конкурент на моделите на Tesla. Сепак, овој проект не успеа, односно Apple го откажа уште пред да го лансира автомобилот.

Ова не значи дека тие целосно престанаа со развивање на технологија за автономните возила. Имено, според писмо на Стив Кенер, еден од директорите во Apple, пратено до „Национална Администрација за Безбедност на Патен Сообраќај“ во САД, тој открива детали за нивното вложување во автономната технологија.

Тој во писмото најавува дека тие се возбудени за потенцијалот на автоматизираните системи, вклучувајќи ја и транспортацијата и особено многу вложуваат во проблематиката со „машини кои можат да учат“. Кенер нагласи и дека ваквите системи би имале огромен социјален бенефит, бидејќи потенцијално би можеле да се превенција за преку милион жртви во сообраќајот.

Ова е многу директна најава за тоа дека тие веќе развиваат свои системи за автономни возила, кои потоа би можеле да ги искористат останатите производители. На кој начин пак нивните системи ќе се разликуваат во однос на тие на конкуренцијата, останува да видиме.

Автономните возила би можеле да имаат голем импакт на сообраќајот низ целиот свет, но прво треба да бидат регулирани како посебна гранка во него. Затоа и големите компании праќаат вакви писма до администрациите, со кои сакаат да лобираат за побрзо донесување на законите и имплементирање на технологиите во финалните продукти.

Во моментов инаку скоро и да нема производител кој не развива свој систем за автономно возење. Скоро сите се потпираат на GPS, сензори и камери за движење во просторот, но различен е начинот на кој функционираат алгоритмите.

Според тоа, ваквите возила би требало да ги има во се поголем број на почетокот од наредната деценија и со брзината со која се развиваат, очекувам автономни системи да бидат достапни и во средната и ниската класа на возила многу наскоро.