Аутомобили Гроуп ги враќа Jaguar и Land Rover на македонскиот пазар

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Аутомобили Гроуп e новиот официјален импортер и дистрибутер на автомобилските брендови Jaguar и Land Rover за регионот Македонија и Косово во соработка со Wallis Automotive Europe.

„Нашето долгогодишно искуство во оваа индустрија ни дава за право да бидеме сигурни во успехот на Jaguar и Land Rover во Македонија и Косово: побрза испорака до крајните потрошувачи, подобра техничка поддршка, како и развивање на продажбата во овој сегмент на премиум автомобили за целосно задоволство на клиентите“, изјави генералниот директор на Аутомобили Гроуп Кочо Бураку, на денешната прес-конференција.

Во моментот се подготвува новиот објект кој ќе опфаќа 680м2 и истиот ќе се состои од влезен простор, изложбен салон за Jaguar и за Land Rover, продажба и back office, простор за аксесоари, предавање на возила и прием на возила во сервис. Официјалното отворање на новиот салон ќе се случи во април 2017-та година.

„Британскиот производител на Jaguar и Land Rover ја одбра токму нашата компанија Wallis Аutomotive Europe, да ги претставува овие брендови во регионот Адриатик и тоа токму во овој возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст. Jaguar – оваа година забележа пораст од 82% – и во моментов претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа. Исто така до крајот на оваа финансиска година, Jaguar и Land Rover кој располагаат со најмладата гама, ќе комерцијализираат и три нови модели“, изјави генералниот директор на Wallis Automotive Ендру Прест.