(Фото) Барбиката со ликот на Лепа Брена – ја извади од нафталин и не потсети на минатото

Во времето на поранешна Југославија пејачката Лепа Брена беше доста помлада и многу поактуелна на музичко поле. Тогаш дури беше пуштена во продажба барбика со ликот и телото на Брена – кукла облечена во карирана комбинација и бела кошула.

Оттогаш поминаа многу години, а Брена се потсети на тоа време, па од нафталин ја извади куклата, нечепната и нова.

Фотографијата ја објави на социјалните мрежи и индиректно ги натера своите обожаватели и следбеници да евоцираат спомени.

Извор: Вистина.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here