Беше секс-симбол и најбаран актер, а сега изгледа како скитник, нема да го препознаете!

Беше секс-симбол и најбаран актер, а сега изгледа како скитник и нема да го препознаете

Густа брада, вишок килограми, преголема облека, очила, поради сето тоа папараците едвај го препознаа Мел Гибсон.

По успешната холивудска кариера, денес страниците на медиумите тој ги полни главно со турбулентниот љубовен живот. Иако во деновите на најголемата слава Гибсон ја одушевуваше публиката со многуте филмски улоги во мегахитовите, во последниве години, особено по скандалот во кој ги навреди американските полицајци и Евреите, Мел се повлече од јавниот живот, а ретко се појавува на некој настан.

Овој 62-годишен глумец во моментот е во врска со 27-годишната Росалинда Рос, со која папараците го уловија деновиве во Малибу. Поради запуштениот изглед, тој веќе е непрепознатлив.

Malibu, CA – *EXCLUSIVE* – Mel Gibson and girlfriend Rosalind Ross step out to stock up on a few essentials to begin the week. The pair shopped at their local Ralphs Market and later picked vitamins from Barnyard Vitamins.
Pictured: Mel Gibson, Rosalind Ross
*UK Clients – Pictures Containing Children
Please Pixelate Face Prior To Publication*, Image: 359614053, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, AKM-GSI

Мел и Росалинда се во врска три години и го имаат синот Ларс, кој на крајот на месецов ќе наполни три години. Инаку, овој контроверзен глумец има вкупно 10 деца. Седум доби со првата жена Робин Мур, со која беше во брак 31 година, а со пијанистката Оксана Григориева ја има осумгодишната ќерка Лука.