Бесплатни излети за основците од Карпош

Околу 365 ученици и 36 наставници од О.У „Лазо Трповски“ утринава заминаа на бесплатен еднодневен есенски излет во излетничкото место во село Кучково. По тој повод градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска ги испрати основците, им посака среќен пат и убав престој на оваа излетничка дестинација, соопшти општината.

Почнувајќи од вчера, учениците од сите десет основни училишта од општина Карпош, ќе одат на  еднодневни излети на повеќе излетнички места на територија на град Скопје. Оваа активност локалната самоуправа ја спроведува со сопствени буџетски средства, како дел од програмскиот проект „Бесплатни излети за учениците од прво до седмо одделение“- есен 2017. Оваа иницијатива се реализира во рамки на Програмата за образование при општина Карпош за 2017 година, се наведува во соопштението на општина Карпош.