Без струја утре делови од Центар, Сарај и Карпош

loading...

Заради закажани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе останат дел од корисниците во повеќе скопски општини, соопшти РЦУК-Скопје по добиено известување од „ЕВН Македонија” АД.

Од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од с. Бардовци,  општина Карпош, во периодот од 9 до 16 часот корисниците од с. Орашје, Викендици Веле Поле, с. Кучково, с. Матка, с. Кондово, с. Грачани, с. Бојане, с. Дворце, с. Копаница, с. Радуша, с. Горно Свиларе, с. Долно Свиларе и с. Рашче во Општина Сарај.

Од 10 до 13 часот, без струја ќе останат корисниците од ул. Васил Ѓоргов од бр. 19 до бр. 25. во Општина Центар, како и корисниците од ул. Јурин Гагарин од бр. 4 до бр. 14 и од бр. 65 до бр . 75. во Општина Карпош.

Од 11 до 12.30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. Воденска, ул. Волгоградска и ул. Љубланска, а од 13 до 15 часот, корисниците од ул. Бриселска, ул. Софиска дел од Бул. Партизански Одреди и ул. Његошева во Општина Карпош.