БИОМЕТЕО: ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА МНОГУ БРЗА И ОГРОМНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО!

loading...

Почитувани граѓани веќе ја најавивме наглата и ОГРОМНА промена на временската состојба кај нас за следниот период. Најпрвин ќе имаме нагло затоплување на времето што ќе биде краткотрајно а во среда навечер и во текот на ноќта кон четврток температурите на воздухот брзо ќе опаѓаат и за многу краток временски период од неколку часови на некои места ќе паднат дури за околу 15тина степени а може и повеќе.

До четврток наутро минималните температури на воздухот ќе се спуштат во интервалот од -8 до 1 степен додека на планинските и скијачките центри истите ќе се спуштат до околу -15 степени.

Сето ова ПРЕМНОГУ лошо ќе влијае врз граѓаните особено на оние кој ги мачи временската промена (метеопатите). Кај овие граѓани ќе се јавуваат здравствени проблеми односно можна е главоболка, тежина на телото и на главата, несоница и повремена нервоза како и болки во коските и на местата од старите рани. Овие симптоми кај некои од граѓаните можно е да бидат и позначителни и поизразени.

На граѓаните ги советуваме доколку осетат вакви тегоби и симптоми веднаш да се јават кај својот лекар. Исто така да напоменеме дека вакви симптоми можни се и кај дел од обичните граѓани.

извор:meteomax.mk