Бомба од Вашингтон – САД се повлeкува од УНЕСКО

Соединетите Американски Држави (САД) донесоа одлука за повлекување од Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), јавува Anadolu Agency (AA).

Американскиот Стејт департмент соопшти дека УНЕСКО го напуштаат поради анти-израелскиот став на организацијата и потребата од фундаментални реформи.

„Стејт департментот, на 12 октомври 2017 година, одуката за повлекување на САД од УНЕСКО и добивање статус на постојан набљудувач во организацијата, ја достави до генералната директорка на УНЕСКО, Ирина Бокова“, се наведува во соопштението во коешто се додава дека одлуката не е донесена со леснотија.

Одлуката ќе стапи на сила од 31 декември 2018 година, до кога САД ќе ја задржат моменталната улога.

ПОВРЗАНО: ПО САД И ИЗРАЕЛ СЕ ПОВЛЕКУВА ОД УНЕСКО