Бред Пит ќе гради луксузен ресорт во Хрватска?

Познатиот холивудски актер Бред Пит наводно планира да изгради луксузен ресорт во Хрватска, во гратчето Заблаче, во близина на Шибеник. Ресортот ќе има луксузни хотели, вили, голф-терени, продавници и ресторани, а целата инвестиција ќе чини речиси 1,5 милијарда долари. Американскиот актер, кој е навистина заинтересиран за овој проект, минатиот четврток допатувал во Задар, а потоа тргнал во обиколка на далматинскиот брег. Бред Пит веќе претходно бил на одмор во Хрватска заедно со Анџелина Џоли и нивните деца. Тогаш изјави дека Хрватска е најубавата земја на светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here