Без струја утре делови од Центар, Аеродром и Сарај

Дел од корисниците од општините Центар, Аеродром и Сарај утре ќе останат без електрична енергија заради закажани технички зафати, информираат од РЦУК-Скопје.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од село Бојане, а од 13:30 до 15:00 часот корисниците од село Копаница во општина Сарај.

Утре од 8:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од ул. Тасино Чешмиче со броевите од 9 до 43 во општина Центар, а во периодот од 12:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Гаврил Константиновиќ во општина Аеродром.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here