Целосно ажурирана верзија на Mustang

На овогодинешниот салон во Франкфурт, Ford се фокусира на три нови производи за европските потрошувачи. Црешата на тортата е на сериозно ажуриранатa верзија на Mustang.

Ford Mustang доаѓа со предни и задни дополнувања во дизајнот, бројни нови технолошки достигнувања, оптимизиран опсег на погон и нови решенија за целосна персонализација на достапната база. Акцент на автомобилот е ставен исто така и на 12-инчниот LCD инструмент-блок, кој им овозможува на возачите да ги персонализираат информациите што ги прикажуваат на екранот во три одделни блока и во трите основни начини на однесување на автомобилот – Normal, Sport и Track. Системот, исто така, има функција за зачувување на меморијата што го прави автомобилот особено корисен кога се експлоатира од неколку луѓе. Достапните можности за прилагодување продолжуваат и го покриваат звукот на моторот, што може да се модифицира благодарение на активниот издувен вентил.

Новината исто така, доаѓа со голем број системи за подобрување на безбедноста, вклучувајки систем за предната страна со препознавање на пешаци, систем за предупредување за задржување на возилото во лентата, држење отстјание во однос на возилото пред вас… Обновента верзија доаѓа и со нови амортизери како и оптимизирана задна суспензија, што резултира со подобро однесување на патот, додека најсложените се и имплементацијата на конфигурацијата MagneRide.

 

Спортскиот автомобил, исто така, ќе биде опремен со Ford SYNC® Connect со FordPass за мобилни телефони за прв пат, овозможувајки далечински старт, заклучување / отклучување и лоцирање на автомобилот со помош на апликација за паметни телефони.

Извор: Автоплус

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here