ЦРН БИЛАНС: Во два случаи скопјани нападнат пред кафеана, силувано девојче, многу тешки кражби…

loading...

На 14 јануари во 3 часот Б.Б. (27) пријавил дека во угостителски објект на ул. „50-та Дивизија” во Скопје бил физички нападнат од страна на две непознати лица.

Во полициска станица бил изготвен записник за лицата Ч.М. (50) и Д.Д. (26) за констатиран прекршок – физички напад, од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Додека во 3.50 часот В.С. (27) пријавил дека пред угостителски објект на ул. „50-та Дивизија“ во Скопје бил физички нападнат од страна на четири лица. Додека чекал такси со својата девојка, лицата физички го нападнале. На лицето Д.К.(27) во полициска станица му бил изготвен записник за констатиран прекршок – физички напад од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Се работи на целосно расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Полициската станица Прилеп поднесе известување против 37-годишниот Ш.Р. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое нема наполнето 14 години“.

Како што информираат од МВР, пријавениот, во својот дом, со употреба на физичка сила извршил полови дејствија над 13-годишно девојче со кое бил во роднински врски.

Во Полициската станица Гази Баба, вчера во 9 часот, 46- годишниот Т.Ѓ. пријавил дека на 13.01.2018 година во периодот од 15,00 до 20,30 часот од страна на непознат сторител му било одземено товарно моторно возило „Цитроен Џампер“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на улицата „Методија Андонов-Ченто“.

Сторителот на непознат начин влегол во возилото, го стартувал и побегнал во непознат правец, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 240.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ш. (19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба во обид“. Според информациите, на 05.03.2017 година околу 13.00 часот, пријавениот дошол на ул. „Марк Твен“ пред приватниот имот на фирмата Далмах Фриго ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, ја прескокнал оградата и се упатил кон машините со намера да го извади бакарот од нив.

По ова, со употреба на физичка сила почнал да ги витка, кине и вади бакарните делови (цевки) од повеќе машини во вредност од околу 523.000 денари, но бил забележан од видео надзорот и спречен од страна на обезбедувањето.

К.Х. (44) од Скопје пријавил во полицијата дека од страна на непознат сторител му била извршена тешка кражба во неговиот стан на ул. „Козле“.

Во периодот од 04.01 до 14.01.2018 година сторителот со погоден предмет ја отворил вратата од балконот, влегол во станот и одзел машки рачен часовник марка „Брејтлинг“ од 1.200 евра, поголема количина златен накит, пиштол и куршуми кои оштетениот ги поседувал со дозвола.

На тој начин, сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари, а причинил и материјална штета од околу 5.000 денари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На автопатот Тетово-Скопје вчера во 20.00 и во 20.45 часот се случиле две сообраќајни незгоди предизвикани од кучиња-скитници.

Кучињата скитници неконтролирано се движеле по коловозот и биле усмртени од патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.Н. (32) од село Ларце и патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Т.А. (37) од Студеничани.

Во незгодите нема повредени лица во возилата.