ЦРН БИЛАНС ВО МАКЕДОНИЈА: Полицаец со службен пиштол ја малтретирал сопругата, во куќа во Кичево пронајдено нешто што ги изненадило сите

На 12.01.2018 година во 17 часот во Полициската станица Кочани К.А.К. (38) од Кочани пријавила дека истиот ден околу 16 часот била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг М.К. (39) вработен во МВР. Имено, според пријавата, М.К. под дејство на алкохол почнал да и упатува сериозни закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и по животот на нејзините најблиски, воедно барајќи од неа да си оди од дома и да го остави нивното седумесечно бебе. Според добиени сознанија нејзиниот сопруг секој ден бил во алкохолизирана состојба и во повеќе наврати на сличен начин ја малтретирал психички и физички.

На 03.12. минатата година, повторно под дејство на алкохол го извадил службениот пиштол и испукал неколку куршуми во дневната соба. За настанот е известено ОЈО Кочани по чија наредба од М.К. е одземено службеното оружје и се преземаат мерки за расчистување на настанот. Во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Пешак со крварење на мозокот итно донесен на скопските Клиники

Во 06 часот и 45 минути во Битола на улицата „Прилепска“ се случила страшна сообраќајна незгода во која има тешко повреден.

Полицијата денеска информира дека 63-годишниот М.В. од Битола, управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.П. (65) од Битола.

Во Клиничката болница-Битола на З.П. му е констатирана тешка телесна повреда и тоа внатрешно крварење на мозок, по што е итно препратен во Клинички центар -Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Битола.

ПРЕТРЕС ВО КУЌАТА НА С.Ѓ. – ОНА ШТО ГО ПРОНАШЛА ПОЛИЦИЈАТА ГИ ИЗНЕНАДИЛО СИТЕ, ЕДНО ЛИЦЕ ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР

На 11.01.2018 година во Кичево во домот на С.Ѓ. (49) од страна на полициски службеници од Полициската станица-Кичево, по наредба од Основен суд –Кичево, извршен е претрес во неговата куќа, при што бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарски ознаки, става огнено оружје.

Од страна на полициските службеници извршен е преглед во возилото, при што пронајдени и одземени се: три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе оквири за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција. Ј.Ѓ. е лишен од слобода и однесен во Полициската станица -Кичево , а од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.