ЦРН БИЛАНС ВО МАКЕДОНИЈА: Пронајдени повеќе мртви – Едно бебе, еден во Вардар и друг во подрум, а работник почина откако го прегазија…

loading...

На 11.01.2018 година околу 14.20 часот во близина на мостот кај с.Уланци, велешко, на место викано „Горна Лака“, во водите на реката Вардар било пронајдено тело на маж во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. Било констатирано дека се работи за А.Н. (77), кој бил пријавен за исчезнат на 04.12.2017 година.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

На 11.01.2018 година околу 10.00 часот на локалниот пат за с.Падалиште, гостиварско, на околу еден километар од железничкиот надвозник, во несреќен случај починал М.К. (67) од Гостивар, вработен во гостиварска фирма која изведувала градежни работи за изградба на термоцентрала.

Друг вработен во истата фирма, управувајќи товарно возило „Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, се движел наназад и, без да забележи, со задниот дел од приколката го удрил М.К., кој паднал на земја од ударот, а потоа бил прегазен со задните тркала во пределот на нозете, по што починал.

Смрт била констатиран од лекар од Итна медицинска помош Гостивар.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, во присуство на инспектор од трудова испекција.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 11.01.2018 година во 11.20 часот во Полициската станица Штип, М.К. (60) пријавил дека во неговиот дом, во подрумскиот дел од куќата, го пронашол починат Д.М. (56) од Штип.

Смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предаден во Клиничката болница Штип за обдукција.

Мајка од Скопје го нашла своето три недели старо бебе починато откако станала од спиење.

-На 11.01.2018 година во 10.07 часот во Единицата за информации и команда Скопје, А.С. пријавила дека во нејзиниот дом на ул. „Брсјачка Буна“ во Скопје, кога станала од спиење околу 09.30 часот забележала дека нејзиното три недели  старо бебе не давало знаци на живот, односно починало, се вели во полицискиот билтен.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било дадено на обдукција.

Вчера околу 15.50 часот во гостиварската населба Дутлок била пронајдена 15-годишната малолетничка од Гостивар, која претходната ноќ беше пријавена за исчезната од нејзиниот татко И.П.(50).

Таа била предадена на родителите.