Чудо во родилната сала ги шокираше лекарите: Раѓањето на овие бебиња ги надмина сите граници!

loading...

Александра Кинова (23) кога дозна дека чека второ дете беше пресреќна.

Таа и нејзиниот сопруг се од Миловица во Чешка и веќе имале еден син.

Како поминувале месеците, лекарите утврдиле дека не носи само едно бебе туку две.

Кратко потоа, по редовната посета на гинеколог, доживеале најголемо животно изненадување.

Лекарите најпрво рекле дека носи тројка, а потоа четири бебиња. Но нивниот финален заклучок бил дека среќната мајка носи пет бебиња, зошто нејзиниот стомак постојано растел.

Без никакви компликации таа родила пет здрави деца со царски рез, од кои четири момчиња и едно девојче. Ова е прв ваков случај забележан во Чешка бидејќи бебињата се зачнати по природен пат. Сите се многу задоволни од исходот на оваа ситуација.

Како што велат никаво богатство не може да се спореди со ова чувство кога ќе се добие нешто толку вредно, а што не можеле ниту да сонуваат.