Дали цените ќе „скокнат“ – Во август и септември „Супер Скопје“

Во август и септември скопјани ќе имаат можност да се забавуваат на кејот на реката Вардар, во Старата скопска чаршија, на улиците „Македонија“ и  „Боемска“ најави градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски заедно со угостителите. Со концерти на познати бендови и културно-уметнички настани ќе се обидат да привлечат што е можно поголем број на гости. На прашање дали ќе се зголемат цените во кафулињата за време на Супер купот, градоначалникот Трајановски рече.

Од друга страна угостителите велат дека цените нема да се зголемат затоа што ќе се обидат да ги задржат и привлечат гостите.

„Енерџи бед“ од Косово, Бајага, Калиопи, групата „САРС“ се само дел од имињата кои ќе настапат ова лето во Скопје.  Градоначалникот Трајановски најави дека ќе поднесе и иницијатива за овој период работното време на угостителските објекти и локали да се продолжи за еден час.

Извор: 21тв.мк