Дедомразовска трка 2017

Празниците се ближат, а тоа значи дека е време за празничната Дедомразовска трка со која ќе ја испратиме 2017 година и ќе се собереме со трчање низ скопските улици да си посакаме поуспешна Нова година.

На Дедомразовската трка се добродојдени сите оние кои сакаат Скопје да заличи празнично и да биде една од светските метрополи кои имаат дедомразовско трчање во знакот на Новата година.

Повеќе информации за настанот и пријавувањето ќе бидат објавени многу наскоро…