Дефинитивно Volkswagen го препородува Microbus

Легендарниот Microbus на Volkswagen, икона на хипи движењето од 60-тите, ќе воскресне како електромобил, потврди шефот на германската компанија, Херберт Дис, за време на Concours d’Elegance Pebble Beach, во Калифорнија.

Реакциите по прикажаниот прототип во Детроит беа толку позитивни што едноставно во Волфсбург мораа да дадат зелено светло и за сериската верзија. Buzz ќе ја користи новата платформа MEB на VW и поголемиот дел од технологијата во иднина ќе биде од електричниот хечбек I.D. Хечбекот ќе биде достапен од 2020, а минибусот во 2022 година.

Производствениот Buzz ќе донесе колку што е можно поблизок дизајн со иконскиот Type 2 Microbus од 50-тите и 60-тите години на минатиот век. Електричниот погон им овозможува на дизајнерите да се вратат во пропорциите од тие години, што стана невозможно поради безбедносните барања во последниве децении. Електричните мотори, исто така, ослободуваат многу внатрешен простор, така што Buzz ќе има осум места.

Најверојатно, новиот Buzz ќе добие максимална моќност од 370 коњски сили и погон на четири тркала. Ќе има и верзија со заден пренос и 268 коњски сили моќност, кои ќе се доволни да забрзува од 0 до 100 km/h за под 8 секунди. VW развива систем за полнење преку индукција, кој ќе може да наполни 80% од батеријата, за 30 минути. Предвидено е и автономно управување, поради што сите седишта, вклучувајки го и возачкото, ќе можат да се вртат за 180 степени, за да ја олеснат комуникацијата.

Батериите ќе се наоѓаат во подот, што ќе го намали значително центарот на гравитација, а задните тркала ќе обезбедуваат неверојатно дијаметар на вртење од 10 метри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here