Дел од моштите на Свети Василиј во црквата „Свети Кирил и Методиј“

loading...

Tрадиционално во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, пред големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.

Моштите ќе бидат изложени вечерва, а верниците ќе можат пред нив да се поклонуваат во текот на утрешниот ден.

Во Струмица се сочувани дел од моштите на Свети Василиј и секоја година пред празникот се изложуваат.

Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики станал Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот.

Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници.

Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го ограби градот.

Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадувал на верните од градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник.

Во секој од лебовите тој ставил нешто накит и златници. На денот на Новата година кога сите луѓе дошле во црква, тој на секого му дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено.

За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него.

Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Годпод Исус Христос второто за Пресвете Богородица, а третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.