Дел од општина Центар утре без струја

loading...

Без напојување со електрична енергија утре ќе бидат корисници од улицата „Васил Главинов“.

Корисниците од улицата „Васил Главинов“ во општина Центар утре од 7 до 12 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.