Дел од општина Центар утре без вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот ќе имаат корисниците од улицата „Никола Вапцаров“ и дел од корисниците од улиците „Максим Горки“ и „11-ти Октомври“.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради поправка на затворач на улицата „Никола Вапцаров“-крстосница со улицата „Максим Горки“.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на работите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here