Делови од Бутел утре без струја

Од 13 до 14 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците „Александар Турунџиев“, „Ферид Бајрам“ од број 31 до 48, „Рокомија“ и ОУ „Панајот Гиновски“ во општина Бутел.

В понеделник без струја од 8:30 до 12:30 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Никола Русински“ во општина Карпош, а од 9 до 12 часот дел од корисниците од улиците „Рељо Шестокрило“, „Диме Мечето и Метохиска“ во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 9:30 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од општина Гази Баба, скопското село Идризово, бензиската пумпа на „Лукоил“ и викендиците.

Од 11:30 до 14 часот без снабдување со струја ќе останат корисниците од село Ржаничино и фирмата „Кобу Продукт “ во општина Петровец.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекините се поради инвестиции во електросистемот.