Делови од Чаир, Гази Баба и Карпош утре без струја

loading...

Корисниците од улицата „Ресенска“ во општина Чаир утре од 9:00 до 10:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улиците „Алија Авдовиќ“, „Сава Михајлов“, „Константин Петковиќ“, „Роман Каскалиевик“, „Спиро Црне“, „Трајко Китанчев“, „Методија Андонов Ченто“ и „Среќо Пужалка“ во општина Гази Баба.

Во периодот од 10:00 до 12:30 часот, без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Кичевска“ во близина на бр. 27, а од 10:30 до 12:00 часот и корисниците од улиците „Ангел Динев“ бр. 3а и бр.3б и „Кленоец“ бр. 48 во општина Карпош.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.