Делови од Карпош, Шуто Оризари и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од населеното место Јурумлери и село Долно Лисиче утре од 8.15 до 10.30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8.30 до 11 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Нерези во близина на Етно Село, дел од корисниците од село Горни Крушопек, како и Средно Водно – РТВ предаватели, а од 9 до 13 часот и дел од корисниците од улицата Девол во општина Карпош.

Во периодот од 9 до 15 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од улицата Брсјачка Буна во општина Шуто Оризари, од 10 до 10.30 часот, корисниците од улицата „Корушка“ бр. 2 и бр. 4 во општина Карпош, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од село Кучевиште.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.