Делови од Кисела вода, Чаир и Шуто Оризари утре без струја

Дел од корисниците од високата зона од населбата Кисела Вода утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење, а со намален притисок ќе биде цела населба.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е уличен дефект и изведување на водоводен приклучок со пречник од 200 милиметри на улицата „Христо Татарчев“ бб, кај новиот кружен тек во населбата Кисела Вода. Корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“, Скопје не завршат со работата.

Корисниците од улицата „Че Гевара“ во општина Шуто Оризари утре од 9 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 9 до 10:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од булеварот „Македонско-Косовска бригада“, дел од Топанско Поле, бензинската на Макпетрол во Топанско Поле, како и дел од улицата „Аугуст Цезарец“ во општина Чаир.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати во системот од страна на екипите на „ЕВН Македонија“.