Денес не одете на гости и не позајмувајте пари- еве што да не правите на Бадник

Денешниот празник Бадник го најавува најголемиот христијански празник Божиќ. На овој ден семејството се собира на посна трпеза. Оние кои во текот на годината биде скарани, на Бадник си простуваат и се смируваат.

Многу обичаи кои врзани за Бадник се пагански, но црквата подоцна им дала христијанско значење. На овој ден не се оди на гости, и не се позајмуваат пари.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Еве неколку стари народни верувања поврзани со овој голем христијански празник:

-Пред Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено

-Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе

-Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.