МЕТЕО: Денес облачно, ќе заврне ли снег?

loading...

Времето денес ќе биде претежно облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветар, претежно од источен правец. Според Управата за хидрометеорлолошки работи, температурата ќе достигне до 7 степени.

Облачно време со повремени врнежи од дожд и снег се очекува и од понделник.