Деновиве се изладивме – од утре се враќа пеколот

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно и свежо време. Претпладне во јужните делови сè уште ќе има локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а максималната од 19 до 26 степени. УВ-индексот ќе биде 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаб дожд. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.

Од утре следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која во деновите од викендот на места ќе го надмине 35. степен, а УВ-индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.