Детали за тешката сообраќајка во Кисела Вода, почина мотоциклист – Фото

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа која вчера вечерта се случи на булеварот „Борис Трајковски“ кај посториите на Општина Кисела Вода, потврдуваат од МВР за Курир.

Несреќата се случила околу 19:45 часот помеѓу автомобил „Пежо“ со скопски регистерски ознаки, управуван од 33 годишниот скопјанец Е.А. и мотоцикл со охридски таблички кој го управувал Славко М. (48) од Скопје.

По сообраќајката со возило на Итна медицинска помош, мотоциклистот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде им подлегнал на тешките повреди.

Телото на починатиот е предадено на обдукција. За време на полицискиот увид, сообраќајот од Центар кон Драчево беше пренасочуван.

Извор: Курир

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here