Детали за вчерашната сообраќајка во Драчево – Девојката сеуште во животна опасност

Дваесетгодишната Т.Т. е во животна опасност по синоќешната сообраќајка што се случила на улицата „Иван Хаџи Николов“ во Скопје.

Сообраќајката се случила кога мотоцикл со кој управувал 32-годишниот З.А. од Скопје удрил во девојката. Со тешки телесни повреди девојката била пренесена во Ургентниот центар во Скопје со возило на Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.