Дневен хороскоп Четврток (14.09.2017)

Овен

Сакате да создадете поинтимен однос во врската, но се плашите дека ќе ја загубите слободата. Не ги забрзувајте вештачки нештата тоа може да делува негативно на вас. Трпението е клучниот елемент во овој момент.

Бик

Денес на работното место ќе ви недостасува концентрација. Цел ден ќе се вртите во круг и ништо нема да сработите. Не сакате да се карате со партнерот и семејството, но не сакате ни да им попуштите.

Близнаци

Верувате дека решението на проблемите е во деталите па опсесивно започнувате да ја барате и најмалата грешка. Денес емотивно ќе се исцрпите, а нештата повторно нема да бидат решени. Седнете смирете се и размислувајте со ладна глава.

Рак

Денес би можеле да се разочарате од партнерот или пријателите, кои во последно време се прилично себични кон вас. Ќе ве изненади фактот што тие воопшто немаат слух за работите поврзани за вас. Моменталната љубовна врска ви е прилично нестабилна.

Лав

Знаете што треба да направите но не можете да одолеете и да не направите барем една глупост. Подготвени сте да преземете ризик и да ја промените рутината. Сепак внимавајте вашите лудости да не ве одведат во незгодна ситуација. Не донесувајте избрзани одлуки.

Девица

Полни сте со енергија, а доколку ја искористите во целост можно е да ви се овозможи значително да напредувате. Вашиот позитивен пристап дополнително ќе ви помoгне, потребно е да ја исфрлите тврдоглавоста. Денес ќе претставите некој мудар предлог.

Вага

Ќе имате зголемен број на обврски кои успешно ќе ги решите. Сакате искрено да разговарате со вашиот надреден со цел да извлечете поголема плата или напредување, но тој денес нема да има време за вас. Не се лутете обидете се повторно утре. Следува позитивен развој на настаните.

Шкорпија

Постојано се чувствувате навредени и лути, па потребно е да расчистите сами со себе. Секој упатен збор кон вас го сфаќате како навреда, а тоа ви одмага и не ви дозволува да напредувате.

Стрелец

Потребно е да водите повеќе грижа за вашето здравје, а тоа најдобро ќе го направите преку умерената и поздрава храна. Можни се проблеми со лицата на работа, особено со оние на кои сте им надредени.

Јарец

Некој сериозно ќе ве спушти на земјата. Тоа најверојатно и сте го заслужиле бидејќи ги поминавте границите на толеранција кај блиските лица и соработниците. Не се жалете, сами сте виновни.

Водолија

Денешниот ден за вас ќе биде убав и среќен, ќе зрачите со разбирање и позитивна енергија. Никој од вашата околина нема да штеди на пофалните зборови упатени кон вас. Ќе имате мали и ситни обврски кои лесно ќе ги завршите.

Риби

Денес ќе бидете нервозни поради неможноста да завршите некои планирани работи. Но нервозата може само да ви одмогне. Најдобро е да побарате помош од блиските. Во вечерните часови ќе се слушнете со некоја драга личност од минатото.