Дневен хороскоп – Понеделник (17.07.2017)

Овен

Постои можност за мала нервоза поради нешто што не сте успеале да го решите, или ќе добиете инспирација како да се снајдете во новото друштво во кое може нема да ви биде особено пријатно. Верувате во добрите намери на една Водолија или Стрелец кои ви даваат поволни услови за заедничка работа.

Бик

Малкумина ве разбираат, но на вас тоа не ви е важно бидејќи сте сигурни дека сте на вистинскиот пат кога станува збор за соработката со лицата кои во прилична мера лебдат во облаците. И вие сте прилично расположени со нив да се договорите околу се што ви е важно, а се однесува на нешто на што не можете во голема мера да влијаете без туѓа помош. Всушност сакате да се впуштите во некој многу смел деловен потфат.

Близнаци

Ќе ви биде сервирана одлична шанса за напредок во кариерата. Единствено што се очекува од вас е да вложувате повеќе напори, затоа што ќе треба да научите многу нови нешта. Изненадување на љубовен план ќе ви го растрепери срцето.

Рак

Ако сте се насочиле кон некоја посебна цел во кариерата, денес ќе добиете голема помош од планетите во исполнувањето на тоа. Пред вас е можност за дополнителна заработка, но нема да бидете сигурни дали сте на правиот пат. Вашата ментална енергија е силна па нема лесно да потфрлите.

Лав

Денес на сцена би можеле да излезат некои нови пријатели, нови ставови и нови цели. Некои случувања ќе ве поттикнат на менување на некои одлуки и правци. Ова најверојатно е позитивен развој на настаните па за вас тоа ќе биде многу возбудливо, но веднаш ќе морате да направите некои промени. Со оглед на тоа дека сте ментално многу силни, не би требало да имате проблеми.

Девица

Ќе се појават некои настани од минатото но не грижете се истите само ќе ве поттурнат да одите што побрзо погоре. Ќе имате можност за заработка на дополнителен профит затоа ангажирајте се максимално. Вашите пријатели ќе побараат совет од вас, а вие тоа безусловно ќе го направите. Внимавајте некоја Вага не е целосно искрена со вас

Вага

Доволно долго размислувавте што и како да сторите. Денес направете го првиот чекор преку конкретни дејствија. Преземете малку повеќе ризик од вообичаено. Луѓето околу вас денес ќе влијаат не само на вашето расположение, туку и на начинот на кој што размислувате. Не дозволувајте мнозинството да ви наметне мислење кое вие не го прифаќате.

Шкорпија

Раководени од интуицијата ќе сфатите дека некаде сте погрешиле. Вашето семејство и најблиските ве разбираат но не можат да ви помогнат бидејќи и тие се во тешка ситуација. Вашите барања се преголеми, па затоа ќе владее нервоза и несогласување. Преиспитајте ги одлуките.

Стрелец

Внимавајте како размислувате за себе и не се критикувајте премногу. Обидете се да ги избегнете негативните мисли и не им дозволувајте на песимистичните луѓе да ви влијаат на енергијата. Денес лесно ќе го прифаќате туѓото мислење. Нема да имате потреба од навлегување во долги дискусии или натпревари.

Јарец

Денес проблемите на другите луѓе ќе ви претставуваат толку голем товар што нема да можете да се концентрирате на убавите работи кои ви се случуваат. Ислушајте ги со едното уво проблемите на вашата пријателка или жалбите на вашата колешка, а потоа оттргнете се што побрзо од неа. Никој нема да ви замери ако бидете малку посебични.

Водолија

Избегнете да влегувате во тесно и концентрирајте се на она што ви се случува моментално. Не дозволувајте проблемите да ве контролираат. Подобро е денес да се концентрирате на оние проблеми кои можете да ги решите, наместо на нешто од минатото кое не можете да го промените. Закажете средба со поранешните соработници, ќе ви се отвори можност за дополнителен профит.

Риби

Некои лоши вести поврзани со вашата работа денес би можеле многу да ве вознемират. Најверојатно ќе се запрашате каква е вашата иднина и како да го промените тоа прашање. Размислете за тоа, но не донесувајте одлука. Мора да бидете повеќе сигурни во себе отколку што сте. Во меѓувреме разгледајте ги сите опции.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here