Двајца малолетници претепани во Бутел

loading...

Две малолетни лица вчера попладне околу 18 часот биле физички нападнати од поголема група на машки лица на возраст од околу 16-18 години на улицата „Босна и Херцеговина“ во скопски Бутел.

-Околу  полноќ, на местото на настанот се упатил Т.З.(45) од Скопје и забележал како неговиот син Т.Д. (16) го носеле негови другари и братучеди, кои му кажале дека не му е добро и дека има вртоглавица, по што го однел во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош и во разговорот со неговиот син истиот појаснил дека додека бил заедно со неговите другари физички биле нападнати од поголема група на лица при што ја изгубил свеста. На Т.Д. во пределот на левото рамо му била нанесена повреда расекотина со тврд предмет, најверојатно од нож, информираат од полицијата.

Малолетникот појаснил дека до физичкиот напад дошло откако претходно неговиот другар Б.Т.(16) имал расправија со напаѓачите во дворот на училиштето „Зефљуш Марку“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.