Двајца скопјани и малолетник извршиле 16 кражби во автомобили во Аеродром

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Г.М. (31), К.П. (25) и уште едно 16-годишно лице сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 16 кривични дела тешка кражба.

 Пријавените од 2 септември до 30 октомври во ноќните часови, на подрачјето на општина Аеродром извршиле 16 кривични дела во возила, на начин што, додека третопријавениот внимавал на присуство на други лица, прво и второпријавениот, со употреба на погоден алат насилно делувале на бравите од вратите на возилата, по што демонтирале и одземале акумулатори, резервни тркала, разен алат, клучеви за тркала, кабли, авторадио и друго, а потоа украдените предмети ги препродавале, информираа од полицијата.