Џенифер Лоренс повторно ги украде погледите, овој пат на премиерата на филмот “Mother” во Торонто

Ѕвездата на “Hunger Games”, Џенифер Лоренс, ипмресионираше со стајлингот за филмскиот фестивал во Торонто во прекрасен црн фустан, чиј горен дел беше налик на корсет и светкави детали на долниот дел.

27. годишната актерка зрачеше со самодоверба и го преплави црвениот тепих во доста смел ансамбл на премиерата на нејзиниот најнов филм “Mother”.

Нејзиното присуство беше невозможно да се пропушти бидејќи беше дефинитвно во центарот на вниманието со нејзината супер привлечна фигура. Џенифер го надоплна нејзиниот изглед со опуштено коњско репче и испуштени прамени од косата кои го обликуваа нејзиниот прекрасно лице. Оскаровката ги нагласи своите очи со дебела линија ајлајнер и од накит носеше само сребрен чокер ококлу вратот.

Ѕвездата од Кентаки беше во придружба на нејзиниот колега од филмот, Хавиер Бардем.