Еден од хитовите на Тоше крие голема тајна на човек кој убил и страдал поради љубов

Легендарниот Тоше Проески трагично настрада на 16 октомври 2007 година. Наскоро ќе се наврши деценија откако овој млад уметник не е повеќе меѓу живите.

Зад Тоше останаа бројни песни, а многу од нив станаа хитови на целиот Балкан. Сепак една од најкарактеристичните песни му е „Соба за тага“. Деновиве се прошири приказна дека текстот на оваа песна всушност ја напишал еден затвореник кој поради несреќна љубов завршил во затвор.

Tекстот наводно го напишал маж кој лежел на отслужување на затворска казна зошто го убил љубовникот на својата девојата.

Тексот по извесно време стигнал до менаџерката на Тоше, а славниот уметник ја испеал. Останатото е историја која не е прекината ниту со смртта на Тоше зошто продолжува да живее во нашите сеќавања.

Прочитајте го текстот на песната повторно и одлучете дали е така.